Се откажуваат летови за Бејрут. Расте стравот од сеопфатна војна меѓу Израел и Хезболах!

Сподели со своите пријатели

Група авиокомпании ги откажаа летовите за Бејрут поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и либанскиот Хезболах.

Loading...

Тензиите ескалираа откако во саботата ракета на сириската Голанска висорамнина окупирана од Израел уби 12 деца.

Израел го обвини Хезболах за нападот, а либанската вооружена група ја негираше одговорноста.

Кризниот кабинет на Израел ја овласти владата во Тел Авив да подготви одговор.

Луфтханза објави дека ги откажала летовите за Бејрут до 30 јули поради моменталната ситуација на Блискиот Исток.

Германскиот авиопревозник не лета кон либанската престолнина ноќе од почетокот на јули.

Туркиш ерлајнс откажа два лета, а ниту SunExpress, филијалата на Туркиш ерлајнс AJet, грчкиот авиопревозник Aegan Airlines, Ethiopian Air ниту Middle East Airlines (MEA) нема да летаат до главниот град на Либан, според податоците на Flightradar24.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Студија: Бројот на загинати во Газа е потценет за 41%

МЕА соопшти дека одложила неколку ноќни летови, а има намера да одложи и неколку дневни, „од технички причини поврзани со осигурениот ризик за авионите на линиите меѓу Либан и други дестинации“.

Loading...

Превозниците не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за коментар на информацијата.

Меѓународниот аеродром Рафик Харири е единствениот аеродром во Либан.