Северна Кореја го слави Денот на победата, Ким Џонг Ун повикува на заштита на системот и идеологијата

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја денеска го слави Денот на победата, годишнината од примирјето со кое заврши војната меѓу неа и Јужна Кореја во 1953 година, а севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека светата мисија на сегашната генерација е да изгради, како што рече, „рај за луѓето од идеологијата што со крв го бранеа претходните генерации победници“.

Loading...

Ким ги посети спомениците во чест на ветераните од војната 1950-1953 година, вклучувајќи ја и Кулата на пријателството во чест на војниците на кинеската армија кои се бореле заедно со Севернокорејците, објави државната новинска агенција КЦНА.

Ким истакна дека света должност на сегашната генерација е да ги заштити системот и идеологијата што ги бранеа претходните генерации.

Северна Кореја денеска го нарекува Ден на победата, иако примирјето го подели Корејскиот полуостров на приближно еднакви делови.

Низ Северна Кореја се одржаа свечености, вклучително и парада и огномет на главниот плоштад во Пјонгјанг.

Јужна Кореја не го слави овој ден со големи настани, наведува Ројтерс.

По Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година, Корејскиот полуостров беше поделен на два дела – Северна и Јужна Кореја.