Американците се очигледно прилично празноверни. Во зградите го избегнуваат 13-от кат, а всушност од 12-от одите на 14-от. Но, доколку е општо прифатливо дека 13 е баксузен број, што тогаш е проблем со бројот 420?
Одговорот на тоа прашање е марихуана. Имено, бројот 420 е во тесна врска со канабисот со оглед дека на 20-ти април во САД е ден кога ширум земјата се слави марихуаната и на големо се ужива во неа.
Од таа причина, некои хотели отишле толку далеку што на вратата не ставаат плочка со бројот 420, туку комбинацијата 419+1, за да избегнат поврзување со марихуаната, но и да ги одговорат гостите во собата од пушење.
Во другите хотели со „марихуански“ број воопшто и нема да најдете соба, тие пак кои ја имаат често остануваат без бројот на вратата затоа што вљубениците во „тревата“ бројот го земаат со себе како сувенир. Во еден хотел во Колорадо, плочката со бројот телку пати била украдена од вратата што сопствениците одличиле бројот 420 едноставно да го напишат на вратата.
Но, како што всушност започнала приказната и зошто 20-ти април станал ден на прославување на марихуаната? Вистината не е како што мислат многумина пради смртта на Боб Марли, ниту до полицискиот код со кој полицајците дојавуваат дека е забележано уживање на марихуаната.
Реалноста, или абрем она околу што многумина се сложуваат е поврзана со група студенти кои во седумдесетите години студирале на Универзитетот Сан Рафаел во Калифорнија. Имено, тие се состанувале секој ден во 16:20 кај статуата на Луис Пастер за да конзумираат марихуана.
Претходно по ходниците едни на други си велеле „Луис 420“, така да легендата од време на време се проширила низ цела Америка и денес на сите млади им е јасно што значи бројот 420.
Американците очигледно се празноверни, затоа што 420 не е број „нон грата“. Познато е избегнувањето на несреќни тринаески, па многу хотели немаат кат број 13, ниту пак соба со истиот број.