Девет лица загинаа во близина на Фокландските Острови

Сподели со своите пријатели

Потврдена е смртта на девет лица, а четири се водат како исчезнати откако рибарски брод под знамето на Света Елена потона во близина на Фолкландските Острови.

Loading...

На бродот имало 27 членови на екипажот, а 14 се спасени, изјави за Ројтерс Стиг Ервик, извршен директор на норвешкиот „Ервик Хавфиске холдинг“, додавајќи дека се уште не се познати сите детали за несреќата.

Тој додаде дека екипажот се состои од 10 Шпанци, осум Руси, пет Индонезијци, двајца Перуанци и двајца Уругвајци и дека сите се на возраст од 30 до 58 години.

Како што беше претходно најавено, во спасувачката операција учествувале хеликоптер, авион и неколку бродови.

Рибарскиот брод бил на 200 наутички милји источно од Стенли, главниот град на Фолкландските Острови, кога потонал.

Владата соопшти дека спасените членови на екипажот се сместени во Меморијалната болница „Крал Едвард VII“ додека трае потрагата по исчезнатите, пренесува Танјуг.