Димитриевски на своја одговорност ја потпиша платата за вработените во градинката

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски се задолжи да го реши проблемот со јунската плата на вработените во градинката „Ангел Шајче“ и на сопствена одговорност го потпишал решението.

Loading...

Како што рече тој денеска, седум вработувања во кумановската градинка „Ангел Шајче“ биле спорни и тоа е причината поради која сите вработени не ја зеле платата за јуни.

– Проблемот што е настанат со платата, за кој искрено жалам, е поради тоа што во институцијата поради итни и неодложни работи се вработени седум лица за кои вашиот претпоставен раководител нема претходно обезбедена согласност за обезбедени финансиски средства, а има склучено договори за работа, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Провалници упаднале во градинка во Куманово

Како што додаде, денеска, на своја одговорност ја потпишал платата за вработените во редовен работен однос, а за седумте нововработени ќе пријави во инспекција.

+ Денеска на своја одговорност ја потпишав платата за вас, сите што сте во редовен работен однос и истата ќе ви биде исплатена, а што се однесува до седумте спорни лица ќе пуштам барање до надлежен инспекторат да направи увид и да поведе постапка за лице кое не постапило согласно законот. Така да тоа е ваше право е да протестирате, јас како градоначалник сум задоволен од услугите што вие како јавна институција ги давате кон граѓаните и децата, но мора една работа да ви напоменам, дека кападакиско однесување на ниту еден директор во јавна институција или јавно претпријатие нема да се почитува од моја страна, додаде тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Првото бебе во Куманово во 2025 година е женско (ФОТО+ВИДЕО)

Димитриевски ги увери вработени дека утре или задутре ќе ја добијат својата јунска плата, но спорни остануваат новите седум вработувања.

Ингеренциите на Димитриевски во однос на детската градинка во минатото во два наврати му беа одземени кога се обиде да ја смени директорката Марина Алексовска.

Никола Ивановски

Loading...