Денеска низ Македонија ќе се задржи многу топло време и ќе биде активно портокалово ниво за опасност од високи температури.
Во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо олбчано и многу топло време.
Во попладневните часови ќе има појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 19 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 37 степени целзиусови.
Од страна на УХМР за регионот на Куманово за денеска се издадени две метео предупредувања, портокалово за опасност од високи температури и жолто за опасност од невреме со грмотевици.
Утре низ кумановско ќе имаме повторно променливо облачно и многу топло време со услови за нестабилност во попладневните часови.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 19 до максимални 36 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме претежно сончево и многу топло време со мала облачност и слаб до умерен северен и северозападен ветер.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 18 степени, додека максималната денвна се очекува да достигне до 35 степени целзиусови.
Од понеделник ќе има благ пад на температурите.
Никола Ивановски