Пожар во фабрика во областа Курск по напад на украински дрон

Сподели со своите пријатели

Вршителот на должноста гувернер на Курската област Алексеј Смирнов денеска соопшти дека украинските војници синоќа со дронови ја нападнале Курската област, поради што избувнал пожар во фабриката за нисконапонска опрема.

Loading...

„Украински хеликоптер исфрли експлозивна направа на територијата на фабриката за нисконапонска опрема во Коренево. Пожарот во една од технолошките работилници го гаснат противпожарните бригади од два округа“, напиша Смирнов на каналот Телеграм, пренесува Интерфакс.

Според него, никој од работниците во фабриката не е повреден, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин