Кенеди доби заштита од Тајната служба

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат на претседателските избори во Соединетите Американски Држави, Роберт Ф. Кенеди Јуниор, по налог на претседателот Џо Бајден ќе добие заштита од Тајната служба, соопшти американскиот министер за внатрешна безбедност, Алехандро Мајоркас.

Loading...

„Во светло на настаните од овој викенд, претседателот ме упати да работам со Тајната служба за да се обезбеди заштита на Роберт Ф. Кенеди Џуниор“, рече Мајоркас на брифингот во Белата куќа.

Во објава на мрежата Х, Кенеди му се заблагодари на Бајден.

„Благодарам претседателе Бајден што ми дадовте заштита на Тајната служба“, напиша тој.

Трамп, кој беше ранет во обид за атентат на митинг во Пенсилванија во саботата, апелираше за заштита на Тајната служба за Кенеди Џуниор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелски министер бара од војската план за идејата на Трамп за раселување на Газа

„Со оглед на историјата на семејството Кенеди, тоа би било правилно да се направи“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.