Германскиот производител на вакцини гаси третина од работните места

Сподели со своите пријатели

Германската биотехнолошка компанија Curevac објави дека ќе укине речиси една третина од своите работни места и ќе ги продаде правата на своите вакцини за Ковид-19 и грип за да ги намали трошоците и да се фокусира на примена на технологија базирана на РНК за третмани за рак.

Loading...

Од следната година Curevac планира да ги намали деловните трошоци за 30 отсто и да елиминира 30 отсто од работните места, што значи дека речиси 330 работници би требало да останат без работа, пренесува агенцијата Хина, повикувајќи се на ДПА.

Во својот деловен извештај за првиот квартал, компанијата соопшти дека вработува повеќе од 1.100 работници во Германија, Холандија, Белгија, Швајцарија и САД.

Curevac, исто така, најавија дека ќе ги продадат правата на вакцините против КОВИД-19 и грип, засновани на гласник рибонуклеинска киселина (mRNA), на британската фармацевтска групација ГСК за максимум 1,45 милијарди евра.

Curevac на тој начин ќе обезбеди итно потребни пари за решавање на проблеми во клиничките испитувања и за спорови за патенти во врска со технологијата на mRNA.

Деловна реорганизација

Во екот на пандемијата, компанијата беше прогласена за водечки кандидат за развој на ефикасна вакцина, но ја повлече првата вакцина од процесот на лиценцирање поради релативно лошата ефикасност.

Тие во моментов работат на развој на вакцината од втората генерација против коронавирусот, а ја истражуваат и примената на технологијата mRNA во лекувањето на ракот, што треба да биде во фокусот на деловната реорганизација.

Curevac го затвори првиот квартал со оперативна загуба од 73,3 милиони евра, за 21,3 отсто поголема од почетокот на 2023 година, додека нивниот приход е зголемен за 74,6 отсто – на 12,4 милиони евра.

Loading...