Куќа ноќва горела во кумановското село Романовце, информираат утринава од Регионалниот центар за управување со кризи.
Loading...
Според информациите на РЦУК огнените јазици го пеплосале кровот на куќата, но и еден кат од неа.
Шестмина пожарникари учествувале во интервенцијата со две противпожарни возила во период од 00:35 до 02:45 часот.
Причините за избувнување на пожарот засега не се познати.
Никола Ивановски