Мотоциклист од Куманово тешко повреден откако излетал од пат

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишен кумановец викендов се здобил со тешки телесни повреди откако со својот мотоцикл излетал од патот во Свети Николе.

Loading...

– На 29.06.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на натпатникот од А4 исклучок за Свети Николе мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Т.М.(39) од Куманово, излетал надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Амбасадорот на Казахстан во посета на Општина Куманово

Никола Ивановски