Бобан Николовски нов директор на Царинската управа

Сподели со своите пријатели

Бобан Николовски од Куманово е нов директор на Царинската управа на Македонија, потврдуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Loading...

На првата седница на новата Влада денеска беа донесени повеќе кадровски решенија, меѓу кои и одлуката со царина да менаџира токму Николовски.

Тој е дипломиран економист. Беше советник во Советот на Општина Куманово, а моментално е в.д. директор на Јавното претпријатие „Куманово план“.

Претходно бил вработен во Царинската управа.

На последница избори беше избран за пратеник во Собранието.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „БМВ“ украдено во населбата Карпош