Бајден не размислува да го помилува основачот на Викиликс Џулијан Асанж

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден не размислува да го помилува основачот на Викиликс Џулијан Асанж, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

Loading...

„Не, ова не се разгледува“, рече таа на брифингот, одговарајќи на новинарско прашање за можноста за помилување на Асанж, соопшти Стејт департментот.

Асанж беѓее затворен во затворот Белмарш во Лондон од април 2019 година, откако на британската полиција и беше дозволено да изврши рација во еквадорската амбасада каде што побара азил во 2012 година.

САД го обвинија за објавување воени тајни и околу 700.000 доверливи документи поврзани со воените и дипломатските активности на САД, пренесува Танјуг.

Претходно оваа недела, американски судија го осуди Асанж на затвор како дел од договорот за признавање вина со федералните обвинители, со што стави крај на 14-годишната правна сага.