Игор Филков од редовите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е нов министер за правда во кабинетот на Христијан Мицкоски.
Игор Филков е роден 1979 година во Скопје. Тој е претседавач на Централен одбор на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, член на Извршниот одбор, Приватен сопственик, Управител на „Спектрум Медикал“ Скопје, Надворешен соработник на Проект на ФАО – Канцеларија Скопје (UN Food and Agriculture Organisation).
Вработен е во локалната канцеларија во Македонија за Косово, Логистика и набавка НВО Солидаритес – Solidarités International.
Во период од 1997 – 2002 бил активист во Студентски Сојуз.
Дипломирал на Правен Факултет „Јустинијан Први“ Скопје, УКИМ, во период од 2000 – 2002, каде бил и Активист на Студентски Сојуз на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Во неговата биографија приложена до Собранието стои дека од компјутерски вештини познава Windows enviroments, Microsoft Advanced Office Pro Sertificate, Internet Research, Email Operative System, Project, Visio…
Зборува македонски како мајчин јазик, а од странски јазици познава англиски.
Од денеска ќе ја извршува функцијата министер за правда на Република Северна Македонија.
Никола Ивановски