Уште една земја го тужи Израел за геноцид

Сподели со своите пријатели

Кубанската влада одлучи да се приклучи на спорот што го иницира Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата во врска со наводите за наводен геноцид во Газа, објави Радио Хавана Куба.

Loading...

Главната цел на тужбата поднесена пред главното судско тело на Обединетите нации, се додава, е да се запрат злосторствата врз палестинскиот народ како резултат на несразмерната и неселективна употреба на сила од страна на Израел.

„Израел, целосно неказнето, заштитен со соучесништво на владата на Соединетите Американски Држави, ги игнорира своите обврски како окупаторска сила според Четвртата Женевска конвенција. Геноцидот, апартхејдот, присилното раселување и колективното казнување немаат место во денешниот свет, ниту можат да бидат толерирани од меѓународната заедница Правдата и почитувањето на Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право мора да надвладее“, нагласуваат во Хавана.