Во Келн е деактивирана бомба од 5 тони од Втората светска војна

Сподели со своите пријатели

Неескплодирана воздушна бомба од Втората светска војна, извадена од реката Рајна во Келн, Германија синоќа беше безбедно деактивирана во текот на ноќта на брод позициониран подалеку од станбени области, објавија градските власти.

Loading...

Откривањето на неексплодирани бомби е вообичаено во Келн и други германски градови, кои беа силно бомбардирани од сојузничките воздушни сили за време на војната.

Специјално обучени екипи се испратени да ги деактивираат или безбедно да ги активираат бомбите.

Немаше потреба од евакуација на населението

Бомбата од 5 тони од британско производство имала заден осигурувач кој бил деактивиран на бродот, соопшти градската управа на Келн.

Градот објави дека нема потреба од евакуација на населението за да се деактивира бомбата, и покрај првичните претпоставки, бидејќи бродот бил упатен кон место на Рајна доволно далеку од станбените области.

За време на операцијата, Рајна беше затворена за навигација, како и воздушниот простор над областа.