Серија земјотреси го погодија Крит

Сподели со своите пријатели

Неколку земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, утрово за краток временски период го погодија грчкиот остров Крит, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Loading...

Првиот земјотрес е регистриран во 04:51 часот по локално време и бил со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала, а потоа следеле земјотреси со јачина од 3,6 и 3,1 со разлика од три минути во 5:57 часот и 6 часот по локално време, според EMSC.

Во 6:17 часот земјотрес со јачина од 4,1 степени се случи на 23 километри југо-југоисточно од Ираклион, на длабочина од 20 километри.

Засега последниот земјотрес беше две минути подоцна, а неговата магнитуда беше 3,2 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 9 километри.

Грчката телевизија ЕРТ јавува дека два земјотреси со јачина од 3,6 и 4,3 степени според Рихтеровата скала се регистрирани со различни епицентри во близина на Ираклион.

Двата земјотреси биле краткотрајни, но биле почувствувани во источниот дел на Крит, јави грчката телевизија.