Што пушат актерите на филмските сцени, наместо цигари и џоинт?
On:
Сподели со своите пријатели
Безброј филмови, главните и споредни актери ги прикажуваат во чад од цигара или марихуана, но секако на самиот сет актерите не пушат ништо од тоа.
Една од причините е тоа што внесувањето на опојни средства во организмот може да наштети на работата, па така да се заборави сценариото или да се смејат неконтролирано.
Дополнително во поголемиот број земји марихуаната е илегална па на сценаристите не им паѓа на памет среде скап проект да влегуваат во проблеми со законот.
Што тогаш пушат актерите на сетот?
Кога се во прашање цигарите, користат билни цигари кои изгледаат исто како и вистинските, но не се штетни како тутунот, објаснува Џејмс Бачер, експерт за филмски реквизити.
Кога станува збор за сценарио со „трева“, актерите пушат природни, легални треви кои на екранот даваат слика на вистински џоинтови, но немаат апсолутно никакво влијание на актерите.