Маџовски: Повеќе пари за спортот и формирање школски и младински лиги

Сподели со своите пријатели

Повеќе пари за спортот, и формирање на младински и училишни спортски лиги, се само дел од мерките кои денеска ги најави кандидатот за пратеник од Движење ЗНАМ – За наша Македонија Андреја Маџовски.

Loading...

Како што рече Маџовски статистиката за здравјето на населението во Македонија е поразителна и тоа мора да се менува.

– 20 отсто од машките и 15 отсто од женските деца имаат преголема телесна тежина. 62 отсто од мажите и 58 отсто од жените над 18 години се со зголемена телесна тежина. Алармантно е зголемен бројот и на лица заболени и дијабетес и кардиоваскуларни заболувања. Нездравиот живот и начин на исхрана е ширико распространет меѓу младите. Ние од Движење ЗНАМ – За наша Македонија спремни сме да понудиме решенија и визија за надминување на постоечката состојба, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во тек е акцијата за бесплатно отстранување хаварисани возила во Куманово

 

 

Маџовски најави зголемување на опфат на ученици од основни и средни училишта во повеќе спортско рекреативни активности и формирање младински лиги и училишен спорт, „со цел младите спортисти уште во школските денови да имаат можност преку спортски систем да ги афримираат своите вештини и да градат спортски дух“.

– Ќе предложиме законски измени со цел обезбедување финансиски средства за подобро функционирање на овие школски и младински лиги. Наставниот кадар, наставниците, педагозите, психолозите и спортските тренери да имаат можност за надоградување на сопствени вештини преку користење на европски фондови и програма со цел истите да се пренесат на нашите најмили, додаде Маџовски.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски учествуваше на меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам (ФОТО)

Според кандидатот за претник на ЗНАМ, „наредниот период ќе биде приоритетен за градење соодветен спортски систем, стратешки дефиниран од повеќе аспекти и опредлеби за децата од најрана возраст.“

Тој најави субвенции од државата за поголемо учество на децата во спортски вештини и активоности, но и градење и реновирање на постоечката спортска инфраструктура.

– Ќе се бориме за зголемена институционална поддршка на професионалните спортисти во сите спортови. Ќе предложиме законски решенија и измена на постоечкиот ваучерски систем кој сега неправилно функционира, да биде донесен закон каде ќе постои јасна методологија и определени рокови за сите спортски федерации и спортски клубови да добиваат средства за финансирање и функционирање на нивните активности. Воведување на наставно-едукативни програми за промоција на здрави навики, здрав живот и правилна исхрана, изјави Маџовски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајдено малолетното девојче од Пчиња кое беше пријавено за исчезнато

Една од целите на ЗНАМ, како што истакна Маџовски, ќе биде и формирање на Министерство за спорт и култура, “со цел поголема отчетност и контрола на работењето на федерациите и агенциите, зголемување на средства од државата за младински и на врвниот спорт и млади спортски таленти кои преку овој систем ќе дадат врвни спортски резултати“.

Никола Ивановски