Стојчевски: Ќе бидеме дел од новата Владата, поддршката од граѓаните сериозно ја чувствуваме

Сподели со своите пријатели

„Ќе бидеме дел од новата Владата, затоа што поддршката од граѓаните сериозно ја чувствуваме“, рече денеска од Куманово, носителот на листата кандидати за пратеници од Движење ЗНАМ – За наша македонија во Изборна единица 2, Даниел Стојчевски.

Loading...

Како што рече Стојчевски, енергијата на народот говори за сето она што се случуваше во изминатите години.

– Време е да се стави крај на сето она што се случува. Посебно во делот на борба со корупција каде што граѓаните најмногу реагираат, во делот на правдата, неквалитетно здравство и образование и многу други работи што ја чинат нашата држава да бидат граѓаните незадоволни, а младите се повеќе да бараат излез од оваа држава. Време е да ставиме крај. Движење Знам – За наша Македонија има реална програма која може да ги смени овие работи, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски однесе пакетчиња за дечињата во кумановската болница

 

 

Стојчевски вели дека, по примерот на Куманово, во изминатите неколку години таа енергија и програма ќе ја пресликаат и во наредната влада што ќе се формира.

– Сигурен сум дека ќе бидеме дел од новата Владата, затоа што поддршката од граѓаните сериозно ја чувствуваме, изјави Стојчевски.

Loading...

Тој ги повика граѓаните вечерва да присуствуваат на големиот митинг на градскиот плоштад во Куманвоо, на кој ќе биде претсавен и кандидатот за претседател Максим Димитриевски, но и програмата за парламентарните избори.

– Нашата програма ќе биде мала, но реално остварлива. Велат сите избори се важни, но за прв пат имам чувство дека граѓаните во Македонија ќе имаат можност, не да гласаат против, туку да гласаат за еден концепт, за Движење Знам – За наша македонија, тим кој ќе го врати достоинството на граѓаните на Македонија, додава Стојчевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Само изминатиот викенд преку Табановце влегле над 50.000 патници

Митингот започнува вечерва во 20 часот на градскиот плоштад во Куманово.

Никола Ивановски