Димитриевски за МТВ: Граѓаните залужуваат на дебата да видат кој кандидат за Претседател на државата што нуди

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за Претседател на Македонија од Движењето ЗНАМ- За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска во изјавата за Македонската телевизија рече води позитивна кампања, но посочи дека за жал во делот на платената политичка програма не се еднакви.

Loading...

„Фаворизирани се неколку кандидати, огромен тајминг и искрено жалам што граѓанте немаат можност да не видат на дебати. Господинот Пендаровски, а и госпоѓа Силјановска Давкова, бегаат за жал од дебати и јавно ги повикувам да се соочиме на дебати, да ги извадиме нашите програми пред граѓаните, не поради нас, граѓаните тоа го заслжуваат“, објасни Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На овие места во Македонија има и над половина метар снег

Во однос на предлозите за избор на претседателот на државата во Собранието тој рече:

„Сметам дека тоа директно го крши и Рамковниот, а и Уставот и едноставно во таа состојба ние немаме потреба од претседател на држава, ако се избира во Собранието“. Тој додаде дека ние сме парламентарна република и силата е во парламентот, иако тоа, како што рече не е случај во моментот, бидејќи гледаме како извршната власт со камшик удира по законодавната власт.

„Не знаеме еден случај Собранието да вратило одреден закон или да не изгласало, а којшто дошол по предлог на владата. Сме немале и случај претседателот да предложи одредено законско решение“, рече Димитреивски и додаде:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плато за „street workout“ поставено кај Соколана (ФОТО)

„Непосредниот избор на Претседател е суверентитетот којшто граѓаните и го даваат на функцијата за да биде претседател на сите граѓани и да ги претставува истите и тоа и дава дополнителна сила на институцијата Претседател“.

Тој рече дека како демократ, со демократски убедувања, е секогаш подготвен да дебатира и јавно и да ги слушне и останатите мислења во јавноста по однос на овој предлог.

„Но, сметам дека некој скриено се обидува да наметне еден нов наратив во државата со којшто ќе се редефинира карактерот на Македонија,од прост во сложен тип на државно уредување, што за мене е неприфатливо“, рече претседателскиот кандидат Максим Димитриевски во изјавата за Македонската телевизија.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Ќе растат платите на сите вработени, но нема да растат платите на функционерите