Шолц и Камерон го повикуваат Израел да не се одмаздува на Иран

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц го повика Израел да придонесе за смирување на ситуацијата на Блискиот Исток по невидениот напад на Иран на израелска територија во текот на викендот.

Loading...

„Начинот на кој Израел успеа со меѓународните и локалните партнери да го одбие тој напад е навистина импресивен. Тоа е успех што можеби не треба да се троши, па оттука и нашиот совет да придонесеме за деескалација“, рече Шолц на прес-конференција за време на неговата посета на Кина.

Израел и неговите сојузници соопштија дека пресретнале повеќе од 350 ракети и беспилотни летала испукани од Иран во текот на ноќта кон Израел, во првиот директен напад на израелска територија.

Иран го изврши нападот како одговор на нападот на почетокот на април врз неговиот конзулат во Дамаск, Сирија, припишан на Израел, во кој загинаа двајца високи ирански команданти.

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон денеска го повика Израел да не се одмаздува на Иран по иранскиот напад врз Израел во текот на викендот.

„Сакаме да избегнеме ескалација на конфликтот. Многу јасно кажуваме дека не го поддржуваме нападот како одмаздничка мерка“, изјави британскиот министер за надворешни работи за Би-Би-Си.

„Иран се обиде со масовен напад врз Израел“, кој, доколку не беше успешно одбиен, можеше да предизвика „илјадници жртви“, рече Камерон.

Според него, ова е двоен пораз за Иран бидејќи не само што операцијата не била крунисана со успех и биле соборени сите проектили, туку светот го видел и „малигното влијание“ на Техеран во регионот.

Loading...

Камерон го повика Израел да ја прифати победата како што предложи американскиот претседател Џо Бајден.

САД не сакаат ниту ескалација ниту војна со Иран, изјави вчера портпаролот на Белата куќа Џон Кирби, еден ден по нападот на Иран врз Израел.

„Американскиот претседател Џозеф Бајден беше јасен. Не сакаме затегнување. Не сакаме војна со Иран“, изјави Кирби за американскиот телевизиски канал NBC.