Остатоци од храна штетни по здравјето: Што да се подгрева, а што не?

Сподели со своите пријатели

Со оглед на брзото темпо на модерниот живот, ретко кој денес може да одвои време и енергија за свежо подготвена храна, а остатоците се речиси половина од сите оброци на просечен вработен човек.

Loading...

Иако нема ништо проблематично во довршување на вчерашната вечера или ручек, секоја храна не е добра за конзумирање вториот или третиот ден, посебно ако се подгрева или не се чува правилно, предупредуваат експертите.

Најдобриот протеински појадок

На пример, конзумирање остатоци од ориз може да доведе до труење со храна, бидејќи со неговото готвење не се уништуваат сите патогени бактерии што можат да живеат во него. Ризикот од труење повеќекратно се зголемува ако оризот стои на собна температура.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прескокнувањето на појадокот може да предизвика сериозни проблеми

– Еден патоген, Bacillius cereus е многу чест во сувиот ориз и може да претставува опасност по здравјето ако не го ставите оризот во фрижидер, туку го оставите на собна температура и потоа го јадете, вели доктор Бенџамин Чепмен од Универзитетот во Северна Каролина.

Таа бактерија често се наоѓа во тлото и храната, но некои нејзини типови се поштетни од другите и можат да предизвикаат пречки во варењето кое често го нарекуваме „труење од храна”.

Маслиновото масло и неговите чуда во домот

Спорите на овие бактерии можат да преживеат готвење, а се размножуваат во храната која е оставена на собна температура.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пијте шолја какао секое утро, организмот ќе ви биде благодарен!

Храна која не треба да се подгрева:

Целер, спанаќ и цвекло

Со подгревање на овој зеленчук може да дојде до претворање на нитритите кои ги содржат во токсин кој има канцерогено дејство.

Печурки

Протеините во нив се распаѓаат веднаш по сечењето. Ако подготвените печурки се стават во фрижидер и потоа се подгреат во рок од 24 часа, нема опасност при конзумацијата, но ако стојат подолго тогаш е опасно да се јадат.

Спанаќ – зошто е корисен за телото?

Пилешко

Протеинот во ова месо се менува со подгревањето, што може да доведе до пречки во варењето.

Компир

Може да биде „домаќин“ на бактеријата Clostridium botulinum, која предизвикува ботулизам. Брзо по подготовката, односно откако ќе се оладат, компирите треба да се стават во фрижидер ако планирате подоцна да ги јадете, а не е препорачливо да се подгреваат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Болест на новото доба: Што е синдром на смартфон палец и како да го спречите?

Варени јајца

Ако ги јадете подоцна, никогаш не смеете да ги оставате на собна температура подолго од два часа, туку ставете ги во фрижидер. Во спротивно, во нив можат да се размножат бактерии.

Само 4 бадеми дневно за повеќе здравје и убавина

Loading...

Експертите како општо правило за конзумирање на останата храна го истакнуваат чувањето на храната во фрижидер во рок од два часа по готвењето.