Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров изјави дека војниците на полкот Ахмат-Русија учествувале во апсењето на четворица терористи кои се осомничени за убиство на повеќе од 140 луѓе во концертната сала Крокус во Москва!
Кадиров нагласи дека припадниците на Ахмат, стационирани во областа Брјанск за обезбедување на границата со Украина, заедно со Центарот за специјални намени на ФСБ, поразиле и уапсиле четворица терористи.
– Околу три часот по полноќ, чеченските борци пристигнаа на дадените координати до местото каде што бараа терористи и веднаш почнаа да ја чешлаат областа заедно со ФСБ и војниците на Ленинградскиот воен округ на Русија – рече Кадиров на својот Телеграмски канал.
Група терористи, да потсетиме, отвори оган во петокот околу 20 часот во салата и концертната сала Крокус во северозападниот дел на Москва, по што го подметнаа пожарот и побегнаа.
Најмалку 143 лица загинаа, но Рускиот истражен комитет очекува многу повеќе жртви со оглед на големиот број тешко повредени.
Повеќе од 100 лица се хоспитализирани, од кои половина се во тешка состојба.
Терористите биле уапсени околу 3 часот по полноќ во областа Брјанск додека се обидувале да стигнат до Украина.