„Госпоѓа министерка“ два пати го наполни кумановскиот театар (галерија)

Сподели со своите пријатели

Учениците од Средното општинско училиште „Перо Наков“ премиерно и репризно ја играа комедијата „Госпоѓа министерка“ на сцената на кумановскиот театар.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”339″]

 

Претставата по текст на Бранислав Нушиќ беше прилагодена на кумановскиот дијалект, а со менторска палка на Сашо Тодоровски и Александра Георгиевска успеа да ја насмее кумановската публика која два вечери по ред ја полнеше салата на Народен театар Куманово.

Учениците: Марија Коцевска, Дејвид Стоилковски, Милена Стојановска, Мартин Павловски, Стефан Павличек, Димитар Петрушевски, Гоце Хаџиски, Јована Спасовска, Николај Павловски, Ивана Мадиќ, Катерина Стојмановска, Сара Спасовска, Столе Јаневски, Кристина Петрушевска одлично го покажаа својот актерски талент, а позитивните коментари од публиката беа неизбежни.