Една жена и нејзините три мали деца утрово ги загубија животите во пожар во нивниот стан во Болоња, јавува АНСА.
Loading...
Жената, романска државјанка, починала на пат кон болница, додека две девојчиња и едно момче починале во станот, на четврти кат од зградата, како последица на вдишување чад во спалната соба која сите ја делеле, соопшти полицијата.
Постарото девојче имало шест, а помалото две, како и момчето, нејзиниот брат близнак.
Нивниот татко бил на работа кога се случила трагедијата.
Пожарот најверојатно е предизвикан од дефект на електричните инсталации, а истрагата е во тек, соопшти АНСА.