Која била најтешката година во историјата на човештвото? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Историчарите се спорат околу тоа кои години биле најлоши за човештвото, а експертот од Харвард Мајк Мекормик тврди дека најтешко било во 536. година, кога Европа, Азија и Блискиот исток ги погодила мистериозна магла, по што следувале 18 месеци темница.

Loading...

 

 

Според новото истражување, мистериозната магла најверијатно била предизвикана со ерупција на вулкан на Исланд. Ерупцијата прекрила со пепел поголем дел од северната полутопка, а потоа следувале уште две ерупции, во 540. и 547. година. Потоа, се појавила чумата.

Во денешна Кина тогаш паѓал снег кој предизвикал голем глад по што биле уништени посевите, поради што во текот на следните неколку години имало недостаток на леб. Летната температура паднала за 1,5 до 2,5 степени и се до 640. година не била подобрена.

Во денешна Европа 536. година, според Мекормик била „почеток на еден од најтешките периоди за живтото“.

Меѓутоа, тврдењата на Мекормик биле спротивни со некои други историчари кои тврдат дека најтешка била 1349. година, кога чумата ја погодила Европа. Дел од историчарите како најтешка година во историјата на човештвото ја наведуваат 1918. година кога шпанската треска убила над 100 милиони луѓе.

Loading...