Започна изградбата на отворениот летен градски базен, како и партерното уредување на целокупните пропратни објекти во затворениот базен.
Градоначалникот на Општина Куманово најави дека летниот отворен базен се очекува да биде пуштен во употреба во периодот од 15-ти до 25-ти јуни, додека затворениот градски базен првите капачи би ги примил на 5-ти јуни.
Овој базен има површина од 550 квадратни метри со 200 можни места лежалки и места за посетители. Така да во летниот период и ќе имаме место каде нашите граѓани ќе имаат рекреативен дел. Ќе има угостителски објект, свлачионици и сите стандарди на таков мал аква парк или рекреативен базен.