Бразилскиот претседател Луис Игнасио Лула да Силва денеска ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Бразилија, соопшти кабинетот на бразилскиот претседател.
Шефот на руската дипломатија е во Бразил на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Г-20, со кој претседава јужноамериканската земја, пренесува Ројтерс.
Вчера Лула се сретна со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, со кого меѓу другото разговарал и за конфликтите во Газа и Украина, пренесува Танјуг.
Loading...