Водачот на кениската секта за самоизгладнување се соочува со обвинение за убиство на над 400 луѓе

Сподели со своите пријатели

Водачот на култот на гладување во Кенија е обвинет за убиство на повеќе од 400 луѓе, пронајдени во масовни гробници, но и за тероризам, соопштија обвинителите.

Loading...

Пол Мекензи, самопрогласен пастор, беше уапсен во април 2023 година, откако беа пронајдени стотици трупови – од неговите следбеници, многумина умрени од глад.

Мекензи и 94 други обвинети за соучесништво ќе одговараат на суд во Малинди, крајбрежен град на околу 120 километри од Момбаса, главниот град на Кенија.

Тој ја негира вината.

Телата на 429 луѓе, меѓу кои и деца, беа пронајдени во масовни гробници во Шакахола, шума на околу два часа возење западно од Малинди.

Мекензи наводно ги охрабрил членовите на неговиот култ – Меѓународната црква на добрата вест – да се преселат во шумата и да се подготват за крајот на светот.

Тој ги отфрла обвинувањата, наведувајќи дека смртта не може да биде негова вина бидејќи ја затворил својата црква во 2019 година.

Самопрогласениот свештеник ја отвори црквата во 2003 година.

Loading...

Оттогаш тој постојано го привлекува вниманието на полицијата со тврдењето дека децата не треба да одат на училиште и дека третманот треба да се одбие.

Затворајќи ја црквата во 2019 година, тој ги покани следбениците да се преселат со него во Шакахола, место што тој го нарече новата „Света земја“.

Салема Маша и нејзиниот сопруг беа меѓу оние кои одговорија.

Таа претходно изјави за Би-Би-Си дека масовното самоубиство започнало во јануари 2023 година.

Салема вели дека била меѓу оние кои ја следеле инструкцијата да почнат да постат за да можат „да стигнат до рајот“.

Мекензи им кажа на следбениците дека доаѓа крајот на светот и дека шумата е нивното засолниште од претстојната апокалипса.

Но, во страшен пресврт, тоа место за многумина беше последно.

По седум дена пост, Салема вели дека слушнала глас од Бог кој ѝ рекол дека тоа не е негова волја и дека сè уште не ја завршила работата, па престанала.

Loading...

Луѓето околу неа сè уште умирале – еднаш присуствувала на погребот на осум деца.

Се викало одење на „спиење“.

Властите неколкупати во текот на истрагата побараа да се продолжи притворот на Мекензи,

Инспекторите објавија дека собрале доволно докази за да го обвинат него и другите за кривични дела убиство и „олеснување на извршување на терористички акт“.

Од 95 осомничени, 64 беа пронајдени во Шакахола и првично беа третирани како жртви и префрлени во центар за лекување.

Меѓутоа, иследниците подоцна откриле дека многу од нив имале деца кои умреле во шумата.

Некои од нив се претставиле со лажни имиња и не дале информации за нивните деца.

Мекензи беше осуден во ноември минатата година за незаконско управување со филмско студио, од кое проповедал и незаконски дистрибуирал филмови.

Loading...