Членовите на пливачкиот клуб „ТУМБА“ од Куманово овој викенд учествуваа на зимското државно првенство на Македонија кое се одржа на базенот Борис Трајковски во Скопје.
Браќата Марко и Никола Трајановски остварија одлични резултати.
Трајановски е апсолутен победник на натпреварот, а освои злато во категоријата 200 метри делфин и дури пет сребрени медали во категориите 50 метри слободно, 100 метри делфин, 50 метри грбно, 100 метри грбо и 50 метри делфин. Освои и еден бронзен медал во категоријата 100 метри слободно.
Неговиот помал брат Марко Трајановски беше успешен на 50 метри слободно освојуваќи второ место конкуренција младинци, како и 4 место во сениорска конкуренција.
Во сениорска конкуренција во категоријата 100 метир делфин освои трето место, а второ во младинска конкуренција. Второ место освои и во категоријата 200 метри делфин во конкуренцијата сениори.
Од тимот на ПК „Тумба“ успешен настап имаа и Теодора Божиновска и Теона Тодоровска во 100 метри делфин и Маша Иванов со учество на 50 метри слободно.
– Посебно задоволство беше 1-2 победата на браќата Трајановски во трката на 200 метри делфин изјави тренерот Далибор Димковски.
На првенството беа пријавени вкупно 380 пливачи во машка и женска конкуренција.
Никола Ивановски