Украинската армија во моментов нема шанси да ги врати изгубените територии за време на конфликтот со Русија, изјави поранешниот командант на полските копнени сили, генерал Валдемар Скшипчак.
– Во суштина, во овој момент нема шанси да се ослободи оваа територија – рече тој.
Според полскиот генерал, „Русите добиваат предност“, „Русите ги обновиле своите способности, што резултираше, меѓу другото, со интензивни воздушни, артилериски и беспилотни напади врз критичната инфраструктура на Украина“.
– Русите полека добиваат стратешка предност во однос на украинската армија, која, за жал, годинава имаше низа назадувања на бојното поле – додаде Скшипчак.
– Украина нема да има излез. Мора да бара решение кое ќе ѝ овозможи да преживее – заклучил генералот.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.