Атлетски клуб Куманово годинава го има најдобриот младински клуб во Македонија и втора година по ред е шампион.
Со комплетирање на календарот на Атлетската федерација на Македонија се комплетираше и рангирање на атлетските клубови.
– Вкупно 17 клубови освоија поени во системот натпревари вклучени за младинско рангирање, а поените се собираа кумулативно од машка и женска категорија во текот на целата година од поединечни првенства и купови во младинските категории, појаснуваат од клубот.
АК Куманово со освоени 634 поени е младински шампион втора година по ред, додека второто место му припадна на АК Работнички, а третото на АК Делта.
Оод клубот за најзаслужни за титулата ги посочуваат атлетичарите: Дијана Вукановиќ, Теа Алексовска, Давид Тасевски, Лина Аневска, Бисера Чоробенска, Михаил Стошевски, Марио Пешевски, Горјан Јакимовски, Маша Арсиќ, Даниел Маџевиќ, Леон Златков, Алек Наковски и Ангел Арсовски.
Никола Ивановски