ХОРОР ВО КИНО САЛА: Среде филм експлодираше огномет (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неверојатна сцена е снимена во индискиот град Малегаон, за време на прикажувањето на филмот на боливудската ѕвезда Салман Кан.

Loading...

Непознати лица, сметаат неговите обожаватели, пуштиле огномет на сред сала и предизвикале паника и стампедо.

Се започнало кога на кино платното се појавила филмската ѕвезда, а не е познато колку луѓе учествувале во „акцијата“.

Пукаше на сите страни, а луѓето почнаа панично да бегаат за да се спасат од пламените јазици и детонации.

Може да се забележат посетители како се обидуваат да излезат од салата која личеше на бојно поле.

Споменатиот актер се огласи и на Твитер, апелирајќи до луѓето да престанат со нивното опасно однесување.

– Слушам за огномет во кината за време на прикажувањето на филмот „Тигар 3“. Тоа е опасно. Ајде да уживаме во филмот без да се изложуваме на ризик себеси и другите. Чувај се.“

Корисниците на платформата ItemFix, каде е објавено видеото, коментираат дека се работи за исклучително опасен потег, и дека многу лесно можел да дојде до пожар во затворена просторија.

Loading...

Нема информации дали некој од посетителите е повреден, а полицијата започнала истрага.