Холанѓаните сакаат земјата да остане монархија, но кралот да си плаќа даноци

Сподели со своите пријатели

Една недела пред изборите, мнозинството гласачи во Холандија сакаат земјата да остане монархија, но сметаат дека кралот треба да плаќа даноци, додека тие сакаат поранешниот потпретседател на Европската комисија, Франс Тимерманс, како нов премиер, објави „NL Times“.

Loading...

Трите главни грижи на младите Холанѓани се недостатокот на нови станови и куќи, зголемените трошоци за живот и климатската криза, покажуваат анкетите.

Младите Холанѓани имаат поинаков поглед на идниот премиер во споредба со постарите, бидејќи сакаат членот на Лабуристичката партија (PvdA) Франс Тимерманс да биде премиер, објави јавниот сервис НОС, врз основа на истражувањето на Ипсос спроведено меѓу граѓани на возраст од 18 до 34 години.

Гласачите постари од 35 години најмногу се за Петер Омзигт, пренесува Танјуг.

Холандската монархија сè уште има поддршка од 53 отсто од гласачите, но 70 отсто од нив би сакале кралот да плаќа даноци, покажува анкетата на Кискомпас.

Кралот Вилем-Александар, кралицата Максима и поранешната кралица Беатрис, како и принцезата Амалија, не плаќаат данок на своите приходи.

За разлика од другите членови на кралското семејство, тие имаат бенефиции од државата и не подлежат на даноци.

Огромното мнозинство гласачи сака тоа да се смени, но и многу политички партии.

Loading...

Кога станува збор за користењето на нуклеарната енергија, три четвртини од гласачите веруваат дека тоа е соодветен начин за производство на енергија, според истражувањето на Кискомпас и АНП.