Голем пожар вечерва избувнал на потегот од селата Доброшане кон Шупли Камен во Куманово.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, на оваа локација гори сува трева и нискостеблеста вегетација.
Во меѓувреме активни се уште два пожари. Едниот во населбата Карпош кон село Никуљане кадеисто така горат сува трева и нискостеблеста вегетација.
Пожар има во селото Сув Орах во Општина Старо Нагоричане каде горат сува трева, нискостеблеста вегетација и смрека.
Екипите на ТППЕ Куманово и ТППЕ Старо Нагоричане се на терен.
Никола Ивановски