Завршена е изградбата на кулата Саграда Фамилија во Барселона

Сподели со своите пријатели

Кулите на црквата Саграда Фамилија во Барселона беа завршени 141 година по поставувањето на првиот камен, а беа поставени и последните скулптури во рамките на светиот комплекс.

Loading...

Како што пишува Тајмс, скелето наскоро ќе биде отстрането, па посетителите за прв пат ќе можат да го видат ремек-делото на Антонио Гауди во полн сјај.

Секоја од скулптурите претставува по еден од евангелистите, па така Матеј е претставен како ангел, Јован како орел, Марко како лав и Лука како волк, а секоја од скулптурите има и ангелски крилја, во согласност со христијанската иконографија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бразилската влада официјално се извини за расната дискриминација

Секоја од скулптурите тежи меѓу шест и девет тони.

„Тајмс“ пишува дека фокусот на работата сега е на последната и највисока кула, посветена на Исус, а ако се оди според планот, изградбата на црквата ќе биде завршена во 2026 година.

Кога таа кула ќе биде завршена, Саграда Фамилија ќе биде највисоката црква на светот, со 172,5 метри, пренесува Танјуг.

Има неколку предизвици при завршувањето на изградбата, бидејќи Гауди не оставил никакви планови или упатства за таа главна фасада, за чиј изглед ќе одлучи теолошката комисија што ги проучува архивите на Саграда Фамилија.