Членовите на Здружението „За наше Куманово” денеска одржаа еко акција на локалитетот „Сателит“, на влезот во населбата Карпош.
Loading...
Еколошката акција, во која се вклучи и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, како што велат од здружението, има цел да ја подигне еколошката свест на граѓаните.
Loading...
– Акцијата става акцент на тоа колку е важно да се грижиме за животната средина и да ја направиме поубаво место за живеење, велат од „За наше Куманово“.
Никола Ивановски