Под влијание на влажен бран во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.
Loading...
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, пороен дожд и грмежи ќе има и во понеделник.
Повеќе врнежи во овие два дена ќе има во западните делови каде локално се очекува да наврнат над 30 л/м 2.
Потоа времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд.
Температурата ќе опадне за неколку степени, стои во соопштението на УХМР.
Целата викенд прогноза за Куманово можете да ја прочитате ТУКА.