Русија со дрон ја нападна украинската нафтена рафинерија Кременчук

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта Русија со дрон ја нападна нафтената рафинерија Кременчук во централниот регион Полтава во Украина, предизвикувајќи пожар, изјави во средата гувернерот Дмитро Луњин.

Loading...

Работата на рафинеријата е привремено прекината, рече тој во апликацијата за пораки Телеграм, додавајќи дека нема информации за жртви.

– Русите синоќа во неколку наврати го нападнаа регионот Полтава. Нашиот противвоздушен одбранбен систем направи добра работа против непријателските беспилотни летала – тврди тој.

Рафинеријата постојано беше цел на руски напади откако ја започна својата инвазија на Украина минатата година.

Украинските системи за противвоздушна одбрана соборија 17 од 24 беспилотни летала лансирани од Русија кон Украина во текот на ноќта, соопшти војската, пренесе Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одлуката на Бајден само ја ескалираше војната што Трамп ќе ја наследи

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.