11 претстави на годинешното издание на Денови на комедија

Сподели со своите пријатели

Претстави од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија годинава годинава ќе се најдат на 11-дневниот Драмски театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово.

Loading...

Како што соопшти директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски и годинава на публиката ќе ѝ бидат понудени квалитетни претстави од театарите од Македонија и регонот.

 

 

Честа да го отвори фестивалот ќе му припадне на Театар Велес со претставата „Синиот портокал“ на 27ми септември со почеток во 20 часот.

Вкупно 10 претстави ќе влезат во трката за награди за кои ќе одлучува специјално жири, додека 11та претстава што ќе го затвори фестивалот на 15 октомври е „Обвинителка“ и таа ќе биде надвор од конкуренција за награди.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плинска боца и бојлер предизвикаа пожари во две куќи во Куманово

 

Loading...

 

Цената на билетот и годинава останува 200 денари, а продажбата ќе започне на 22 септември точно напладне. Секој ќе може да купи по два билети за една претстава.

Новитет оваа година е тоа што на репертоарот нема да ги има театрите од Белград, туку истите се заменети со можеби уште поинтересните од Лесковац и Пирот.

Сите претстави ќе започнуваат од 20 часот.

Никола Ивановски