Две лица во болница: Кумановец нападнал сограѓанин и се повредил себеси

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгдишен кумановец нападнал сограѓанин пред маркет во населбата Бабин Дол, а притоа се повредил и самиот себеси.

Loading...

– На 07.09.2023 во 17.30 часот во Куманово од полициски службеници е лишен од слобода А.Д.(38) од Куманово, затоа што околу 16.53 часот пред маркет во населба „Бабин Дол“ во Куманово, по претходна расправија, физички го нападнал И.П., при што употребил остар предмет, а притоа и самиот се повредил, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, лицата се пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мигранти од Сирија и Кувајт пронајдени во кумановско

Увид извршила увидна екипа на СВР Куманово, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Никола Ивановски