Нов напад со дронови врз Москва

Сподели со своите пријатели

Руските системи за противвоздушна одбрана рано утринава соборија дронови лансирани од Украина во московската област Истра во регионот Калуга.

Loading...

Мета на беспилотните летала беше главниот град, соопшти руското Министерство за одбрана и градоначалникот на Москва.

Се почести се тврдењата за соборени дронови над руска територија.

Кон крајот на минатиот месец Русија објави дека нејзините сили за противвоздушна одбрана уништиле 42 беспилотни летала лансирани од Украина над полуостровот Крим и една ракета над регионот Калуга.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Путин не го смета за приоритет забавувањето на YouTube во Русија