Заврши санацијата на кровот на кумановското училиште „Браќа Миладиновци“

Сподели со своите пријатели

Заврши санацијата на кровот на кумановското централно училиште „Браќа Миладиновци“, соопштија денеска надлежните од училиштето.

Loading...

Градежните активности ќе се реализираат во внатрешноста на третиот кат, каде при обилни дождови протекуваше и е небезбедно за одвивање на наставата.

-Сега ќе се санира внатрешноста на третиот кат, таваните, ходникот, кои значително се оштетени од влагата, изјави директорката на училиштето, Јасмина Спасовска.

И од училиштето и претходно и министерот за образование, Јетон Шаќири при посетата на Куманово, информираа дека санацијата ќе заврши во ноемрви годинава.

 

 

Министерството за образование го распиша тендерот кон крајот на претходната учебна година, беше избрана е фирма за изведување на градежните активности „Ибро Комерц“ од село Липково. МОН одвои скоро 15 милиони денари за проектот санација на кров, замена на кровниот покривач и беше избрана е фирма надзор.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Засадени нови садници низ Куманово

Поради протекување на кровот и несоодветни услови за изведување на наставата на третиот кат, дел од учениците од „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ кои следат настава во објектот во центарот на Куманово, со одлука на советот на родители и на советот на општина Куманово, настава следат во други објекти, меѓу кои и во гимназијата „Гоце Делчев.

Во двете училишта има околу 2.500 ученика.