Тројца повредени откако возило излета од патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Три лица се повредени откако „цитроен“ со кривопаланечки регистарски таблички вчера излетал од магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.

Loading...

– На 31.08.2023 околу 14.55 часот во Полициската станица Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово-Крива Паланка, во атар на с.Ругинце, кумановско, патничко моторно возило „цитроен“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 38-годишната И.Ј. од Крива Паланка, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По несреќата, И.Ј, како и сопатниците Б.Ј. и И.Ј. биле пренесени во Општата болница Куманово, каде им се констатирани повреди.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анета Шандева - Доневска е нов директор на „Куманово- план“

Никола Ивановски