Кумановец дивеел во угостителски објект па нападнал полицаец

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишен кумановец оштетил дел од инветар на угостителски објект во Старо Нагоричане, а откако го привеле нападнал полицаец.

Loading...

– На 22.08.2023 во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Д.(24) од Куманово затоа што во угостителски објект на подрачје на општина Старо Нагоричане се однесувал агресивно и оштетил дел од инвентарот, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Откако бил спроведен во Полициската станица Куманово физички нападнал полициски службеник при извршување службени дејствија.

А.Д. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  51-годишен кумановец натепал полицаец

Никола Ивановски