Блокиран е автопатот на граничниот премин “Богородица” за влез во Грција и има застој. Помеѓу патниците забележителен е поголем број на туристи од земјите на ЕУ и соседна Србија, како и туристи од Македонија, а согласно информациите од патниците кои стигнаа до нашата редакција се чека и повеќе од 4 часа.
Меѓународниот простор е исто така преполн со колони возила и автобуси.
Голем дел од патниците се семејства со мали деца кои решиле да одат на одмор во Грција. Забележително е негодување помеѓу патниците, често свирење на автомобилите како протест кон пограничните служби, а се почести се и вербалните расправии помеѓу возачите на автомобилите.
Согласно информациите од теренот утрово за малку бил избегнат физички инцидент помеѓу неколку возачи поради видното ниво на нетрпеливост кое е се повеќе присутно помеѓу патниците заглавени на преминот.
И оваа година голем број македонци решија одморот да го поминат во соседна Грција, како добро позната и атрактивна локација за поминување на летен одмор со семејството.
Видео испратено од загрижен патник, кој чека за влез во Грција.