Свлечишта и поплави во северозападна Кина однесоа два животи, 16 лица се водат како исчезнати

Сподели со своите пријатели

Свлечиштата и поплавите во градот Ксиан во северозападна Кина однесоа два животи, додека 16 лица се водат како исчезнати, јави денеска кинеската државна телевизија CTV.

Loading...

Две куќи во Сјан беа однесени од поплавата и оштетени се инфраструктурни објекти како патишта, мостови и инсталации на електричната мрежа.

Во оваа загрозена област се испратени екипи за пребарување, спасување и зајакнување на одбранбените речни насипи, пренесе Ројтерс.

Планинскиот венец Чинлинг каде се наоѓа градот Ксиан ќе продолжи да биде под влијание на екстремни временски услови кои ќе доведат до ерозија на почвата и можни нови лизгања на земјиштето, се вели во извештајот на CTV.

Во главниот град Пекинг и во градот Харбин во североисточниот дел на Кина денеска делумно е во прекин железничкиот сообраќај поради обилните врнежи и силниот ветер.