Утре започнува 4. Меѓународен фолклорен фестивал во Куманово

Сподели со своите пријатели

Со играорци од Македонија, Египет, Колумбија, Грција, Албанија, Бугарија, утре започнува четвртото издание на Меѓународен фолклорен фестивал во Куманово.

Loading...

Тидневниот културен настан го организира Културно уметничкото друштво „Панче Пешев“ од Куманово во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

Фестивалот е под покровителство на Министерството за култура, Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

На годинешното издание ќе настапат Фолклорна група „Ел Шаркиа“ од Египет, Фолклорен ансамбл „Арсенал“ од Бугарија, Компанија артистика „Мангаларес“ од Сантјаго, Колумбија.

Од Грција ќе настапат Ансамбл „Ел Калам“, Фолклорен ансамбл „Мокра“ од Албанија.

Меѓу групите ќе има и неколку од Македонија, па така настапи ќе имаат Ансамбл „8 Октомври“ од Крива Паланка, Ансамбл „Студио Фолклор“ од Скопје, Фоклорен ансамбл „Битола“, КУД „Српски вез“ од Куманово, Фолклорно студио „Етнос“ од Скопје и секако домаќините од КУД „Панче Пешев“ од Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец чувал елени во својата штала. Доби кривична пријава

Првата фестивалска вечер започнува утре кога од 18 часот ќе се одржи дефиле низ улиците во Куманово, а веќе од 19:30 часот ќе започне свеченото отворање на фестивалот во НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Втората и третата фестивалска вечер, во петок и сабота, ќе започнува од 19:30 часот.

Loading...

Никола Ивановски