Основачот на SpaceX, Илон Маск, изјави дека им кажал на лидерите во Кина дека создавањето на „дигитална суперинтелигенција“ управувана од вештачка интелигенција може да ја узурпира Кинеската Комунистичка партија и да ја преземе контролата врз земјата.
Маск на Твитер рече дека поминал многу време со лидерите во Кина за време на посетата на земјата во мај.
Маск рече дека разговарале за потенцијалните опасности од вештачката интелигенција и потенцијалот на технологијата да ја преземе власта.
– Мислам дека одекна. Ниту една влада не сака да биде соборена од дигитална суперинтелигенција“, рече Маск.
Маск нагласи дека сака да направи пауза за напредокот на вештачката интелигенција, но дека тоа не изгледа реално.
За време на неговото патување во Кина во мај, Маск се состана со највисоки владини претставници и бизнис лидери за да разговараат за жешки теми како вештачката интелигенција.
Маск истакна дека неговите разговори со лидерите на земјата го поттикнале интересот за работа на „кооперативна меѓународна рамка“ за регулирање на вештачката интелигенција, пишува South China Morning Post.
Маск неодамна го претстави xAI, неговата нова компанија која има за цел да се натпреварува со OpenAI и други технолошки компании и да ја „разбере вистинската природа на универзумот“.
Маск претходно ја алармира јавноста за потенцијалните опасности вештачката интелигенција да стане еден вид „суперинтелигенција“ со некои способности слични на човекот.
Неговата загриженост стана погласна од лансирањето на четботот на OpenAI.